можен (прид.) - политички (прид.)

Основната британска грижа произлегувала од стравот да не дојде до формирањето на "една голема Македонија на сметка на Грција", а тоа да излезе од контролата на Јосип Броз Тито, и покрај неговите ветувања дека "судбината" на Македонија ќе се реши на мировна конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите опсервации можните политички проблеми кои можеле да се појават поради „зголемувањето на партизанските сили во областа“ би можеле да се спречат со недавањето никакви изјави за настанатата ситуација, на никој начин да не се инволвираат членовите на британските воени мисии „во проблемот за независна Македонија, како и за сите други политички проблеми“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)