можен (прид.) - последица (имн.)

Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во европската свест се вкорени комплексот на непобедливоста на елитата на жртвуваните ешалони на јаничарите со сите можни последици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека се плашев. Мразев да си го поарчам животот поради неконтролираното однесувње на своеволните и недоволно внимателни индивидуи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека потерата, ако веќе тргнала да нѐ лови, можела да го слушне неговиот глас и од некое трето село преку планината. Си го прочистувал грлото!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Курирот ни своето име не им го открил на убијците а камоли да открива туѓи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го застрелале над Соколаната во градот, пред насобраниот народ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледањето, велиме, е верување. Во која мерка ние и веруваме во она што го гледаме и го гледаме она во што веруваме? Колку далеку оди тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Загатките, веројатностите и можните последици на хипнозата ме обзедоа тогаш и никогаш не ме напуштија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)