можен (прид.) - начин (имн.)

Со други зборови, тие секогаш очекуваат некој друг наместо нив да ја заврши работата и да се избори за нивните права – без притоа, ни малку самокритички, да се запрашаат: што секој од нас посебно и што сите ние заедно направивме за подобрување на катастрофалната состојба со работничките права во РМ?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оттука, капиталистите и политичарите многу добро ја знаат силата на синдикалното движење и затоа, на секаков можен начин, се трудат да ги одвратат работниците од вербата во постигнување успех по пат на чиста, неизвалкана и посветена синдикална борба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под тие околности, имено, настанува мошне уверливата илузија дека општествените улоги на мажот и жената се распределени на најприроден можен начин.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ж: Е па добро, ако ги комбинираме овие две реченици на најпростиот можен начин „Ахил има десет прсти и оваа реченица има пет збора.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А речениците ќе ги поврземе на најприроден можен начин, а тоа е...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меѓутоа, од постојната документација може да се констатира дека во периодот по Првото заседание на АСНОМ па сé до крајот на декември 1944 година евидентни биле настојувањата на претставнциите на македонската национална линија на секој можен начин да го реализираат и правото на самоопределување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Го споделуваа семејното бреме на најдобар можен начин.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Три значајни езуитски писатели на трактати - еден Германец, Атанасиус Кирхер (1601-1680), Италијанецот Емануеле Тезауро Athanasius Kircher okno.mk | Margina #26-28 [1995] 192 (1591-1660) и Балтазар Грасиан (1601-1658) од Шпанија во своето разгрането дело ги искажуваат бројните аспекти на “проблематиката на модерниот човек”, и тоа на најостар можен начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Брзо! Брзо! Растерајте ги! Претепајте ги! - бесно викаше Мегалон, а потоа и самиот, на најбрз можен начин се упати кон маслинарниците.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, овој систем на грижа за пациентите со душевни болести е најдобриот можен начин.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не. Слободата е првиот услов за каква и да е грижа за некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините се обидоа на сите можни начини да ја одвратат. ѝ велеа, дека треба само да се стрпи, да почека.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секакви болести има на веков. Некој се срами од она што го сака и на секаков можен начин се труди да го прикрие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На крајот, флуидот супер его, ќе биде толку истрошен, бескрупулозно исцеден, испиен, изеден и на сите можни начини столчен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Искористи ги моментите на инспирација на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посакуваме да комуницираме вербално и бараме најдобар можен начин за да го сториме тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас сум суштество исфрустирано на секој можен начин. Прво, сексуално. За тоа никој не ми е крив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Всушност, сите можни начини за комуницирање со неа му паднаа на ум во првите пет минути по прочитувањето на белешката; но сега, кога имаше време да размислува, тој ги разгледа еден по еден, како да поставува редица инструменти на маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Илона кај нас на најубав можен начин си ја одработи работата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но таа го сакаше Јирачек и затоа Прифатниот центар ѝ беше само попатна станица за новиот свет во Равена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овде Бах си игра со зборот „канонична“, со оглед на тоа што овој збор значи не само „кој што содржи канони“ туку и „на најдобар можен начин“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ама си се заплеткал, за Твоја голема среќа, на најдобар можен начин!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата балканска сага се збогати за едно важно и неочекувано искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
XXVI Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И американската разузнавачка служба ОСС и британската СОЕ планирале разни активности со кои би го промениле текот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, и покрај таквите недоразбирања, штабовите на двете организации настојувале на секој можен начин да се надминат меѓусебните недоразбирања и да ѝ дадат предност на соработката, која од ден на ден станувала сè поизразена, бидејќи се работело за реализирање на заеднички цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во ситуацијата во која се наоѓала Велика Британија по започнувањето на европскиот судир во 1939 година не било ниту малку чудно што нејзините дипломатски претставници и агенти на Балканот на секој можен начин настојувале да изнајдат начини да активираат одредени личности, политички партии и организации за тие да му се спротивстават на нацифашистичкото напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во новосоздадената ситуација, како политичка така и воена, обидите на Владата во емиграција биле повеќе од залудни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, пак, Владата во емиграција правела сè за да го продолжи своето неприродно опстојување на меѓународната политичка сцена, со цел да ја продолжи својата егзистенција, обидувајќи се на секој можен начин да го наруши угледот на АВНОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кон крајот на војната ОСС имало околу 13 000 вработени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но затоа, пак, се трудев на секој можен начин да ги надополнам своите недостатоци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Претепајте ги! - бесно викаше Мегалон, а потоа и самиот, на најбрз можен начин се упати кон маслинарниците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)