можен (прид.) - излез (имн.)

41. КЕРПИЧ, ЌЕРПИЧ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можен излез од балканскиот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Балканството останува утопија, но секој во животот треба да го направи својот чекор кон можниот излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако оддалечен од првите дипломатски траншеа на Блискиот Исток, вратен во Македонија, продолжував на друг начин да ја следам драмата на Јасер Арафат, како еден од последните владетели, на чиј пат, кој водеше низ крстопати на лавиринти, од кои секогаш умееше да го одбере вистинскиот пат, да го најде можниот излез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш Палестинското прашање и натаму продолжува да го бранува светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко, обземен од непостојаноста на историјата на Балканот, од судбината секогаш да се отпочнува одново, бараше нешто постојано по природните феномени, во дефинитивното откривање на можниот излез од него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во татковата душа сè повеќе замираше идејата за можниот излез од него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ти имав пријателе, и јас тогаш, како и ти сега, скрита мисла, да го следам патот на јагулите, пред неизвесни времиња како можен излез и спас од своите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На патот на егзилот водите ни го покажуваа можниот излез, но Татко по тој пат на водите сигурно не трагаше по бескрајот, туку по длабината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие постојано погледнуваа во реката, небаре и нејзе ѝ се доверуваа за мислите кои сакаа да ги водат кон можниот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)