Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Повторувањето на познатото, дури и ако е вистинито, станува помалку возбудливо одошто давањето свој придонес во ученоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој исто така чувствува дека традицијата треба да се надмине бидејќи таа им го попречува патот на новите гледишта што тој ги предлага.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа секогаш трага по неочекуваното и изненадувачкото, постојано заменувајќи го старото за ново.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гледиштето дека неговите учења радикално прекинуваат со традицијата е едно од оние нешта што го прават Дерида во голема мера дел од неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Прифаќањето на гледиштата на другите луѓе би било усвојување на аргументи од авторитет, од традиција или општоприфатени, што, според модернистичкиот етос не би требало да се прави.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговиот и останатите модернистички проекти требаше да ја исправат традицијата онаму каде што мислеа дека таа не е во право.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Друга одлика на модернистичкиот етос е неговиот индивидуализам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во поглед на ова, исто така, Дерида зема удел во модернистичкиот етос.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)