Тики: Во право си, Еди! Кој ја ебе! Маргина 37 125
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој момент во џебот на сакото на Краста заѕвонува неговиот мобилен телефон.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И оставив еден мобилен телефон за да можаме да ја контактираме.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Си реков, ако не ја пуштат дома, ние ќе одиме во болница и таму со неа ќе го поминеме!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се прегрнувавме преку прозорецот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тогаш немаше мобилни телефони.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На болничкото долапче болничарот ги остави златното синџирче со детелинка со четири листа, прстенот што и го имаше купено сестра ми и мобилниот телефон што јас и го оставив за да можам да ја контактирам.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Немаат ни мобилен телефон.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Едно време, оној Јан Фабр со оросено чело сакаше да му се пофали на Микеланѓело, ама неговиот мобилен телефон не беше достапен или корисникот го беше исклучил, како што му велеше еден нежен женски глас.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во застоени води баш и не пркнуваат стеблата на фантазијата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Кога се свртев да фрлам уште еден поглед кон непознатата девојка, на аголот го видов Драган Стојниќ: сал туку си пееше нешто за своја душа додека стрпливо чекаше да си купи нов мобилен телефон.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од таа гледна точка, новата народна уметност по ништо не се разликува од култот кон народната уметност во комунизмот, кога се правеше истото, само што наместо за мобилен телефон се пееше за тракторот како врвно ново божество на рекордерството и ударништвото, па на новоредените женски деца им се даваа и „адекватни“ имиња – Тракторка, на пример.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А тоа што понекогаш ќе заѕвони некој мобилен телефон, вината е само во мобилните.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И тогаш, ми заѕвонува мобилниот телефон, во колата на седиште!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Припадниците на патриотската гарда, како што се нарекуваа приврзаниците на генералот Стојан, пиеја пиво од зелени шишиња од литар и половина, јадеа плескавици и зборуваа на своите мобилни телефони.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Преседов со мобилниот телефон в рака, додека не стигна кај пријателите во Дојран и додека не се врати назад дома. 24.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А шефот како некој дилер, цело време висеше пред агенцијата со едно накривено капче на главата и со мобилниот телефон на уво.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како воопшто се случува Баш тие коишто не можат да си ја спастрат сопствената куќа Баш тие коишто не можат да си ја спастрат и сопствената држава Ете баш тие и нивните водачи да го спаструваат сиот свет Сосе светот и новиот светски поредок Отшто новите сонови се менувале Како што се менуваат марките мобилни телефони И сакале да бидат од нови понови сонови А недотрошените сонови ќе му се подарат на третиот свет Каде што е во подем шверцот со половни сонови Старо купувам стари сонови викаат препродавачите Со накривени паларии и чачкалица ли заботребник ли во устата Баш се интересни како во старите црно бели филмови Стари сонови стари сонови ама има и џиџит нови сонови Нив пред порти ги фрлиле оние кои не губат време со сонување Тие немаат време за препродажба на сонови Нив потесна специјалност им е препродажбата на нафта и цигари Тие не се занимаваат ни со препродажба на гаќи и градници од Турција А не пак со некакви ветви и половни сонови Светците и подсветците на нивните икони се дигитални Молитвите им се секавични и стуткани во кутија од цигари Фрлена на влезот во тукушто изграденото сонувалиште А од преполните усти им течат лиги од црно чоколадо.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Јас ќе те намачкам. Прво горе, после долу – му се лепи Гога, затворајќи ја вратата на туш кабината.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Понекогаш, по џебовите, тој наоѓа истуткано парче ливче со запишан мобилен телефон, со задолжителните 070 на почетокот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сигурно ќе мораше да поминам подолг пат со куферот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Едвај чекав да си легнат сите за конечно да можам да се затворам во тоалетот, да си го земам мобилниот телефон со себе во кој имав игра „пасијанс“ и да си седнам опуштено врз шолјата, обидувајќи се конечно да се олеснам, иако таква работа природно не ми доаѓаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш немаше комјутери, немаше мобилни телефони, а јавувањето на телефон беше многу скапо.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мобилниот телефон. Го зеде кога авторот беше последниот пат во Атина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Најпрво ги заспав сите можни средства за комуникација, особено мојот мобилен телефон.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)