Марката на цигарите малку ме збуни, но дури кога почнав да ги слушам неговите додворувања (ги кажуваше гласно, иако не толку јасно како жената Монолог во авионот), сфатив дека сум утнал.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
9 ID Пред влегувањето во авионот за New York младиот службеник уште еднаш ги проверува пасошите. - Ваков сѐ уште немам видено! - вели смешкајќи се.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Каков автобус? Казна ли е ова? Дали згрешив што го избришав чевлите? – изнервирано се прашував, што беше забележано од младиот службеник.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Рековте да го доведам кога ќе се разбуди – рече службеникот во униформа. – Мислам дека е буден – додаде и при тоа дури и се понаведна како да проверува случајно да не сум заспан.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не носев доволно ведрина тоа утро додека младиот службеник во униформа ме воведуваше во канцеларијата на другарот Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пролетта илјада деветстотини и петата, речиси истовремено кога Методија Патчев во Македонија ја принесуваше својата саможртва на олтарот на слободата и на татковината, Алберт Ајнштајн, млад службеник во Патентниот завод, излезе од поштата во Берн и замислено се загледа во зраците светлина кои се прекршуваа врз големите црни облаци.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Алберт Ајнштајн, младиот службеник во Патентниот завод, упорно зјапаше во сончевите зраци надевајќи се дека така полесно ќе ги спознае мислите на Бога, оти се друго беше обична дребулија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)