млад (прид.) - месечина (имн.)

На млада месечина ја предизвикав смрта, уништување на сопствената душа и тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тело и душа сами, осамени, загубени, заборавени, невидени, нечуени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашите стари на времето, новина го нарекуваа погодниот момент, одбирајќи кога ке се случуваат убавите работи, венчавки, крштевки, па го избираа времето: токму тогаш кога месечината влегува во НОВИНА – прва млада месечина, чиста, пречиста, чист почеток за нечштото, кое ако тогаш ке започне – ке има благост и берикет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нема кој да работи, има орање, копање, лебот мора да се вади. * * * Беше новина, млада месечина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Треба да се враќаме – ги потсетив. - Осум и пол е часот, знаете вие или не! –викна Марија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не ја забележав ѕвездата Деница дека веќе се појавила ниско на небото, токму таму каде што светеше и тенкиот срп на младата месечина, којзнае дали ќе се сетевме дека ноќта полека надоаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На сѐ уште светлото париско сино небо имаше млада месечина тенка како најфин прстен.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Тине,Тине, гледај! Млада месечина!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти текнува на оној стар обичај: кога има млада месечина треба да се фатиме за нешто златно и да си помислиме желба! Сигурно ќе ни се оствари! Ајде!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)