Сега зачекорувал во седумнаесеттата и зреел поинаку отколку што можел тоа да го знае пред поаѓањето од Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Му пријде шушкаво и возбудено. „Тој никаквец“, рече. „Тој беден никаквец.“ Младата кожа на неговата заздравена рака попушти од удар в камен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во својата очаеност, понижена или посрамена, сеедно, Фиданка Кукникова го понижила и го посрамила - топлината на нејзиното месо сѐ уште му ја морничавела младата кожа...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не знаеше од каде доаѓа свилата, дека тоа е измет на бубачки, како пајажина, но попостојан и поубав оти е создаден во ситоста и мирот на сонот, а не во глад и трескава напнатост на јавето; дури ни колку долг и опасен пат треба да се прејде за да биде прегрната од фустанот што ќе ѝ ја разладува младата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)