млад (прид.) - дрвце (имн.)

Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ноќе - како вампири - да кршат млади дрвца!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И затоа криво ми е, ме боли кога ќе видам како сечат млади дрвца.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам да ви се скарам кога се туркате, кога газите преку тревникот, кога кршите гранче од некое младо дрвце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа се очи и уста а кругот е глава. На она место каде што стојат ушите - две долги линии; тие на крајот се разгрануваат како младо дрвце. Тоа се раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)