Младата генерација на сликари умее истовремено да ги пронајде своите ориентири во таа реалност крајно исполитизирана и покрај тоа што во неа таа не се чуствува многу пријатно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мошне рано ги фасцинирала невештата изразна моќ на готските дрворези, Кирхнер укажувал на Дирер и Кранах, репродукцијата на Кранаховата Венера висела во атељето на Кирхнер, а одушевување на младата генерација предизвикувале Изенхајмскиот олтар на Гриневалд и Ел Греко, когошто го „открива” 1910 берлинскиот писател и пријател на Мунк, Јулиус Меер-Греф.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во доцните години на деветнаесеттиот век и почетокот на дваесеттиот, алкохолот не бил достапен за младите генерации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Си замина - со плачлив глас му одговара чавчето: - И ти си ми некој воспитувач на младите генерации!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Киберпанкерите ве мразат!
Најновата Американска изгубена генерација ги спојува младешкиот бес и технолошкиот тероризам.
Денешните киберпанкери не се првата млада генерација која плука на денешниот свет но тие се први кои се стручно оспособени да сторат нешто во врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тоа пред сѐ се однесува за неговиот доцен опус, Страшниот суд од Сикстинската капела (1541), Преобратувањето на св. Павле (1545) и Петар на крст (1550) во Капела Паолина, како и неговите последни цртежи на младата генерација делуваат онака како што во 20-иот век делуваат делата на Пикасо.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Рече, понатаму, дека најмногу внимание во партијата ќе посветуваат на физичкото образование на младите генерации, оти нема здрав народен дух без здраво народно тело; освен тоа, ќе оформувале и играорни групи и кружоци за дебати околу народната уметност денес.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Новата свежина, трепетот на еден нов сензибилитет во контекстот на урбаната атмосфера, обично се врзува за младата генерација раскажувачи, што од друга страна пак, не значи дека расказот Самураи на Славко Јаневски, на пример, не звучи „модерно”, дури и „помодерно” од расказите и на најмладите и најавангардни автори поместени во овој избор.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не покажав голем интерес да учествувам во телевизиската емисија на Алтин Раџими, макар што бев пријатно изненаден и охрабрен од неговото мислење за книгата Атеистички музеј, како припадник на младата генерација, кому како да му тежеше на ист начин блиското минато, кое не можеше да се ослободи само со соборувањето на големите, мамутски статуи на Сталин и Енвер Хоџа во Тирана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Колку млади генерации од спротивставените патриотизми на европските држави- нации гинеа на европските воени боишта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Младата генерација - низ зборот, песната и играта, ќе ни го претстави историското минато, слободното денес и нашата иднина!“ ги поздрави присутните директорката Веселинка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Дискретно си забришуваше солза, спонтано стркалана низ образот - беа тоа солзи радосници, чувството на блискост со младата генерација...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)