Попусто се џапал и попусто се пенел пијаниот Куно, тие двајца биле посилни и од млад бик, меѓутоа Онисифор Проказник го смирил некако - ќе се налутат домаќините и ќе ги остават без камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова на дружината ѝ го прераскажале Орлен Шумков и Богоја Гулабарин - Куно Бунгур ревел и ги подавал рацете кон Фиданка Кукникова додека не дошле неколцина од пештерата да одат кон него со остри чекани па дотрчале веднаш Никифор Ганевски и Онисифор Мечкојад да го повлечат со извртени раце зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сфати ме еднаш, сега, кога молиш: во мене се пропина млад бик и ме черечи со рогови, ме разбива со копита, и јас треба да сум вешт за да го совладам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На неговото лице, издупчено од голема сипаница, штрчеа мустаќи остри како рокчиња на млад бик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)