Си појдов село Подгорици, де, Си најдов сено косено, де И си го ставив на глава, де И си му рачав порачав, де: Веи се, сено косено, де, Како што се веи (машките) млада мома, де (женските) млад беќар, де, (се повторува). (Машките) За јуначе беќарче, де, (Женските) За девојче ергенче, де.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А бре, беќарче, младо беќарче, Ако си беќарке прескокни плотот, Ако си беќарке прескокни плотот, Ако си женето — скрши си вратот!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
За таа работа, како што реков, треба да и навртиме некое младо беќарче, лично како што знаеме младите за какво се лажат.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Си појдов Горна Белица, де, Си најдов грутка снегова, де, И си ја ставив в пазува, де, И си ја ја рачав порачав, де: Топи се, грутке снегова, де, Како што се топи (машките) млада мома, де, (женските) млад беќар, де, (се повторува). (Машките) За јуначе беќарче, де, (Женските) За девојче ергенче, де.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)