Тие, секако, со чувство на посебен пиетет се сеќаваат на оние млади Македонци коишто и во Првиот и во Вториот Илинден на бојното поле на својата татковина го поднесувале својот живот зачудувачки смело, зачудувачки ладнокрвно.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Одот на српското влијание во развивањето на народното самосознание кај Македонците и неговите резултати се претставуваат во овој вид: Во 1889 год. во Белград во пансионот на Светисавското друштво на Космајска улица имаше околу 50-60 души млади Македонци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Живеењето на млади Македонци во Србија секогаш имаше многу добро влијание врз интересите на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При враќањето, во Суза се одржала свадбена церемонија на 10.000 млади Македонци со Персијанки т. н. „свадба на Европа и Азија“.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ако јазикот е скривница и прибежиште на таквите прастари колективни симболи и спомени, тогаш расказот е премин кој ги поврзува древните времиња со современите, архаичниот човек со денешниот човек, некогашниот Македонец со модерниот млад Македонец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)