мирен (прид.) - човек (имн.)

Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред десет години во Романија живеел мал, мирен човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така мирните луѓе од овој крај се избавија од големото зло што секоја ноќ им беше виснато над глава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малиот мирен човек полудел! „Ете“, рече човекот од број 6, „ете , а пред тоа и тој бил само месечар.“ Нешто ги давеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)