мирен (прид.) - улица (имн.)

Но сега, во мирната улица, тивко совладувана од квечерината, во немото присуство на човекот што ја носи неблагодарната должност на царски војник, ќе стане необично, лудечко и грозно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Д-р Хироши Јомиури исчезна од Виена, во мирна улица близу Шингерштрасе, два блока од најомилениот хотел на неговата жена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)