Да, тој ги спасуваше од војни и несреќи, но тие му го покажуваа патот на спасот во мирните времиња, преполни со неизвесност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко сакаше уште да каже дека, на Балканот мирните времиња се исто толку опасни како и немирните, ако не и поопасни, но премолча.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Синовите и ќерките, убаво ја насетуваа тивката, внатрешна битка на заминувањето или останувањето меѓу дедо и баба и речиси никогаш во мирните времиња не заземаа ничија страна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)