минат (прид.) - недела (имн.)

Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тревата околу нив шушкаше како да пука сама од себе. „Минатата недела најдов погоре детелина со четири листа,“ му рече таа и зафрлувајќи ја главата се загледа во небото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А уметноста целата е подземна вода, така, со повремени мочкања надвор, колку да им ги попрскаме кондурите на бескрајниот пролетеријат и тие пар државни чиновници - мислам дека ги набројав сите во државава, ако ја исклучиме старата баба на Неџо која почина минатата недела.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Минатата недела кај мене во дуќан дојде секретарот на Г- н Грекусис, да ме повика во конзулатот, бидејќи конзулот сакал да ме види лично и персонално.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Минатата недела купив маса за билијард, ми рече, и јас и Стерл ја пренесовме на раце цели шест блока и тогаш со денови се обидувавме да ја составиме, но тоа никако не ни поаѓаше од рака. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 223
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа минатата недела ја префрливме овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стотици луѓе се имаат самоубиено минатата недела, не можејќи да ги издржат притисоците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден од оние што минатата недела демонстрираа пред Дворецот. Македонец.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)