Денеска мојот подарок за тебе е ова африканско чудо, а утре - кој знае!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И одеднаш заплака, мртво, стегнато и лудачки, покривајќи го со рацете лешинското лиценце.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зошто плачеше? Тој самиот не знаеше ништо за тоа, но секако не плачеше по својот минат живот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сигурно ќе ги понесе во душата и како во хербариум ќе навраќа на спомените од Езерото од минатиот живот каде што ја остави мајка си на родниот праг на куќата, на гробовите на предците, на тие извори на трајната меланхолија во егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вознес Вратовите беа испечени Вените исечени Мозоците апстинираа Нозете маршираа; Дојките народни омекнаа, надвиснаа и пресушија, а Млекото отровно се разлеа и крвјоса.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Жедните волци се уште душкаа по него барајќи нешто изгубено во минатиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имаш милиони, а се облекуваш како евтина дроља! (На вратата заедно со Дики се појавува црниот џин Кени) Еве, Тики бој, каде што ќе дојдам на своите најблиски им носам подароци!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)