Уште е млада, но бледнилото на нејзиното лице одава нешто вдовичко, тоа е она бледнило на католички монахињи, милосрдни сестри.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Милосрдните сестри водеа сметка да имаат за јадење секогаш, стомачињата да им бидат полни, а мислата чиста.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Католичката милосрдна сестра Писи во својот “Дневник“ пишува дека по дигањето во воздух на Банката “пред зори кај нас најнапред побара засолниште семејството од директорот на Банката, кое по некое чудо се извлекло живо од експлозијата и пожарот“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Последната што се водеше во една куќа близу до установата на милосрдните сестри предизвика голема возбуда кај нашите калуѓерки и кај морнарите од ’Гвадалкивир’, кои мислеа дека се цел на заговорниците (во случајов се мисли на Орцевата акција).
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од Дневникот на една милосрдна сестра.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
А на 16 години станав калуѓерка, на 18 милосрдна сестра.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Господ ќе го гледа, слушам една милосрдна сестра.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме запираат милосрдните сестри, чесните сестри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Милосрдните сестри идат и само се чудат: ги вртат зениците ко живи топуски и постапно ме испитуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од челото ми ја собираат милосрдните сестри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во вагонот милосрдната сестра е сѐ: и лекар, и интендант и господ: дели по малку од водата, од лебот, од лековите; не остава да се моча по сламата, секому му подава кофа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во болницата место немаше: по скали, по ходници лежеа ранети; во кревети по двајца лежеа: болничарите и милосрдните сестри не стигнуваа ни вода да им подадат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Каде, во кој правец ќе се оди? (На југ, на југ...) Во секој вагон влегува по една милосрдна сестра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ранетите чекаат да се заврти сестрата, а потоа да се испразнат во кофата; поздравите со нож дупат дупки на вагонот да гледаат кај се оди и низ нив чишкаат; милосрдната сестра чека да се стемни во вагонот за да се олесни и таа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа беа трите свети книги, Библијата, Куранот и Талмудот, кои таа ги доби како дар од своите лазаристички учители и од милосрдните сестри.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога стигнале пред прагот на манастирот, ги пречекала главната милосрдна сестра Амелија. Се поздравиле.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)