Туку дедо Геро ќе го извадеше кавалот од појас и ќе го разлееше неговиот милозвучен глас тивко, жално.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Севда погледна онака каде што по ширното пасиште воловите беа скротнати да пасат и го чу милозвучниот глас од ѕвончето на нивната крава Белка, му го чу дури и ехото како се губи некаде по ридот нагоре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Ајде мајки! Време е да ги нахраните своите принцови, - се слушна милозвучниот глас на сестрата која со две бебиња во рацете се појави на вратата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)