мил (прид.) - брат (имн.)

Туку ти, мил брате, ти што мислиш да правиш?“ му се одврза најпосле јазикот на Пандо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во едно писмо напишано во септември таа година, Винсент му кажува на својот брат каде си го бара лекот: „Мил брате – секогаш ти пишувам во паузата од работата – работам напорно како вистински безумник, чувствувам придушена страст за работа повеќе од кога и да било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мил брате, како сте шо прајте. Ме израдува со твоето писмо и веста за младата дама.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И верувам дека тоа ќе придонесе за моето оздравување”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
3. ОД ЗБОРОВИ ПРЕКУ ГЛАВА КАПАТА МИ СЕ СКИНА - секој од нас, мили брату, те разбира сосем, но штом капа си носел ти и лесно си минал што да речат, пак, повеќето гологлави што се...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)