Потоа започнуваа да работат, а тоа значеше дека тој доскокнува во предниот двор на секоја куќа и ги зема кантите со смет и ги донесува до камионот и ги исфрла од нив отпадоците и уште еднаш ги удира по металниот раб со што испаѓаат корките од портокали и корките од дињи и почнуваа да го исполнуваат празниот камион.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дубровчанецот уште не доврши, а веќе вадеше од кожената торба на колкот помалечко книжуле, нешто поскромно украсено, но миловидно во своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мангалот среде соба, иако изгаснат, му го осветлуваше лицето со блесокот на своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)