месечен (прид.) - паричен (прид.)

Одејќи по својот личен пример, тој правилно заклучува дека работниците треба сами да се информираат за своите права, а не да чекаат работодавачот да им ги каже истите. 268
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 18.III.2011, во Битола. Архивскиот број под кои се заведени предметите во Основниот суд Битола се: П.бр. 576/05, П.бр. 991/05 и П.бр. 200/07.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на висината на паричниот надоместок настанаа две важни промени во однос на горната граница на месечниот паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
3 За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој нов Закон, на коешто потоа би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето-плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, т.н. ЗС) – што е околу 5.000-6.000 денари, лицето треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно – што значи сите заедно: 1.  Сл. весник на РМ, 87/08.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со првата, од 2003 година, како резултат на промените во законската регулатива предизвикани од укинувањето на поделбата на стопански и нестопански дејности, критериум за горната граница на месечниот паричен надоместок стана просечната месечна нето пла- та по работник на ниво на Републиката наместо просечната месечна нето плата на ниво на нестопанството, (чл. 3, ЗИДЗВОСН/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заслужува да биде спомнато и тоа дека висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност од 2004 година се 79 определува врз основа на просечната месечна нето плата на работникот во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос наместо во последните 12 месеци, како што беше согласно претходно важечките одредби (чл. 12, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај висината на паричниот надоместок дојде до две промени: прво, во случаите кога правото на паричен надоместок се остварува на период подолг од 12 месеци, износот на месечниот паричен надоместок е намален од 50 на 40% од просечната месечна нето плата на работникот кој останал невработен и, второ, пропишана е горна наместо долна граница на износот на паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)