ментален (прид.) - склоп (имн.)

( Кога велиме „стари” мислиме на менталниот склоп што стреми кон тоталитаризам и контрола; многумина од нив всушност се млади и премачкани со дебели слоеви демократска реторика и демагогија!) Но добро.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Низ овие две категории Татко не гледаше само приказ за вечната борба помеѓу доброто и злото, кое го обележува човековото постоење, туку гледаше вистинска ментална формула како најдобро да го протолкува во својата Историја на Балканот низ падовите на империите, периодот на Османската Империја, која имаше, впрочем, извршено најсилно влијание врз менталниот склоп на Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османците инаетот го оставиле во аманет за идните времиња, но со надеж дека инаетот ќе остане во самиот себе, без да се пренесува на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кој кого да сожалува во нашата родна земја која мораше да се сака и кога те убива, но заробена од самата себе поради грешниот ментален склоп на некоја глава, со невидени параноични последици за невините луѓе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мојот вознес на храбар и вешт дипломат го препознавав всушност микробот на амбицијата кој беше најмоќен и лесно го зафаќаше менталниот склоп на жртвата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој би можел да го рестартира, менталниот склоп на битието?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)