Честопати пред да го извиши меланхоличниот глас, Татко се внесуваше во длабоката тишина на куќата, пластена со векови од непознати генерации луѓе кои живееле во неа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И тука се сите, сите, сите: децата, Цви, неговите, нејзините родители дојдени на посета кај сватовите и таа облечена во фустан со ведар дезен и прекрасна берлинска шапка по последна мода што не допушта во очите да ѝ бие сјајното галициско пролетно сонце...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од продавницата на радија, се слуша меланхоличниот глас на Зара Леандер. Мириса на парфеми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)