Формата што доминира на американскиот Запад, и веројатно во целата американска култура, е сеизмичка: раскршена, процепена форма, израсната од пукнатините на Стариот свет, тактилна, кревка, подвижна, површна култура - во која мораат да се следат истите такви правила за да се фати нејзиниот чекор: сеизмичкото лизгање, меките технологии.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вистинската антиархитектура, не онаа од Акросант, Аризона, која ги обединува сите меки технологии во срцето на пустината - туку, онаа, дивата, нечовечната тука, во Њујорк, се создала сосема сама и не земајќи ги в предвид домот, добросостојбата или идеалната екологија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)