мек (прид.) - снег (имн.)

Место сè друго, тој ја наполни неколкупати устата со по една рака од белиот мек снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дебелиот мек снег канеше на игра, на лудување, на занес, но, од друга страна, во душата на момчето што неочекувано се најде само во белата планина, никнуваа, растеа горчливи фиданки на страв, сомневања, збунетост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мек снег за грутки и за во вратот, си велам, и одам сам по патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргнуваат фатени за раце. Чекор в чекор, една покрај друга лесно газат по мекиот снег и зад себе трага не оставаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го испушти и долго се валкаа во мекиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Белата Долина беше зарамнета од високиот снег, а сите грмушки и нерамнинки по неа сега беа благи бели хумки по тој волшебно мек снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, бидејќи нивните завивања бавно се преместуваа околу колибата, Бојан оцени дека и тие со тешкотија се пробиваат низ влажниот мек снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)