За право повеќе ме драскаше, оти дланките му беа испукани, како кора од сув даб, ама тогаш му стануваа меки. Најмеките раце на светот стануваа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Е, море бег, пет даду и јас. Не можа да се дела од село и селани — одговори со натажен глас Трајко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Привид е фустанов што телото ти го окитува и дразни со меката рака на ветерот. Привид е, Маја.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)