Една есен излегувајќи од гулабарникот самиот забележал оти на рацете му подникнуваат, ситни, меки пердуви. Уште мовлии, ама пердуви.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)