- Строј се! - нареди и откако се построија, со мек глас, ниту да се жали ниту да моли, рече: - Ете, само ние останавме од целата чета.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сето тело, месото и коските на отец Мида се претвориле во слова, во букви: коските се претвориле во тврди гласови а месото негово во меки гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И Лествичникот тоа го сторил: неколку месеци, дење и ноќе се измачувал во скрипториумот, распоредувајќи меки гласови меѓу тврдите, и го отклучил записот, оти го добил решението. И тоа еден ден пред да се вратиме ние.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не сме глупави и пак мудруваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Читаше бавно со мек глас, од голото теме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Баждар се изгуби, нè остави во шепите на неизвесната судбина, а Пенчо се превиткуваше пред силната жена чиј спокоен и мек глас ме доведуваше до треска.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Подрипнуваше на прсти набаре се засилува да ги прескокне накривените куќи и со мек глас говореше: - Јас јунак сум, а?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Учителот Станковски! Снизок, слабичок човек, со лесен од, мек глас...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)