На обата брега се покажуваа двата клучни облици на медитеранската екстаза низ светлината на белото и црното сонце, како синтеза на универзалниот трагизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На овој простор на медитеранска екстаза, крај манастирот-светилник, спроти линијата на границата на Езерото, границата меѓу моите две земји, често доаѓав, сам со своите или со пријатели, како во предел на поклонение во различни периоди од животот, од историјата на границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби во тоа повторување на животот се крие тајната на вечноста на уметноста!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)