мајчин (прид.) - збор (имн.)

На Нешка овие мајчини зборови ѝ ја олеснија положбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од која вера идеа овие мајчини зборови?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Убаво е надвор од татковината да се чуе мајчиниот збор“, ми велеа две момчиња од Прилеп кои работат во заводите „Манесман“, во Диселдорф, каде што се вработени 400 Македонци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Што е? – прашуваа Французите по француски. Што е? Братучедите го разбраа прашањето, но беа толку занемени што не можеа да се сетат на ниеден мајчин збор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)