мајсторски (прид.) - титула (имн.)

Како студент тој ја освои мајсторската титула, но поради одлагање од ден до ден, не ги положи сите испити на правото, иако инаку имаше стекнат навик да биде секогаш добар ученик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајсторската титула не е што и грофовска титула.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)