Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сега, сине, ме мачат мисли, дали и јас не го наследив мајкиниот ген на заминувањето кога, имајќи го фашизмот зад петиците, го откорнав семејството и заминавме...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Можеби првите Мајкини гени го започнале своето патување од далечната Персија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но нешто длабоко во него се бореше, дури во потсвеста во кодот составен од татковите и мајкините гени, овековечени во неговото битие со татковиот ген на егзил и мајкиниот ген на останувањето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)