На машкиот кат не се оставаат никакви предмети, освен троножните смрекови или тисови столчиња на кои седат домашните и гостите, доколку не седнат на билото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога тие влегоа, нему нозете му се затресоа и седна место на билото, на едно смреково столче, крај огништето на машкиот кат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Постариот брат спие на машкиот кат, а помладиот — на женскиот, доколку летно време не спијат сите во дворот под покривачот на синото небо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вивна пламен и ја осветли куќарката, та се виде постелата на машкиот кат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И над машкиот кат, и над женскиот има две дупки на ѕидот кои служат за прозорци, но, се разбира без стакло и толку малечки, што одвај може човек глава да појави преку нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги виде како седат на машкиот кат овие двајца стари пријатели и со низок глас ги поздрави: — Добровечер вујче!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На машкиот кат каде што лежи Стојо со Митра и со децата оваа вечер е празнично послано. He е старата рогузина и старото постилаче, ни старите перници. Сѐ ново изнесла Митра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од десната страна на огништето слободниот простор се вика „машкиот кат“, а од левата — женскиот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)