мачен (прид.) - сон (имн.)

Нумо се стресе, чиниш се ослободи од некој долг, мачен сон, и со глас натежнат од спомени, рече: - Рано е за обед...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога некој од нас ќе се разбудеше среде ноќта, поради некој мачен сон, измачувани од гладот, останувавме будни, ја дочекувавме муграта, со надеж дека таа сигурно ќе ни донесе леб.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И мачен сон сум сонила...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Трчам и се сопкам. Како во некој долг и мачен сон, залепен и заглушен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)