А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меѓу ова постоење сега, и она пред тоа, како да се случила смрт која избришала сѐ што било претходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште еден грч го стресува телото, се слуша воздишка и очите почнаваат да добиваат боја на матно стакло. И такви остануваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)