матен (прид.) - река (имн.)

По некое време ќе се разбудеше и тогаш ни кажуваше: Некоја голема и матна река, јас на едно јаже полека преку реката одвај проаѓам и кога ќе стигнам тогаш ќе се разбудам и еден ден ќе паднам во реката и нема веќе да се разбудам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само да се премине матната река.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во матна река, нешто го чека, тој што со туѓо купува вредност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
17. АКО БИДЕШ МОСТ, СЕКОЈ ЌЕ ТЕ ГАЗИ - остани си таков, неминовност е, нека, возгордеј се, сепак, со овојот убав назив си споил два брега над една матна река... кон забот што боли јазикот се талка!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во сините очи на Томо како да се беше влеала матна река.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одеднаш, врз главите на верниците лисна матна река поројница.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ех, јалан дуња, младост лудост — матна река.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)