масовен (прид.) - појава (имн.)

Во потрага по обезбедување егзистенција за своите семејства македонските економски печалбари заминувале во соседните балкански земји: Србија, Бугарија, Грција, Романија, а потоа и во подалечните земји Австро-Унгарија, САД, Канада и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Посолени како риба на суво, а на суво животот не е баш масовна појава.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се покажа дека поткажувањето во источногерманскиот социјализам било масовна појава и дека системот се потпирал не само на безбројните анонимни доушници туку и на најугледните имиња од, да речеме, културата и уметноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Првите иселенички движења се поврзани со печалбарството, кое во 90-те години на XIX век станало масовна појава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ноќта да стои во став мирно, во ноќта луѓето потајум да си се бараат самите себе си, севезден да седат голи и боси, да сушат алишта и чорапи на полна месечина, да јадат тврд леб и меки патлиџани, со некое зрнце сол.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)