мал (прид.) - црн (прид.)

Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Имав и една мала црна актовка со мои одложувани записи, која ја носев на речиси сите патувања, а која уште на почетокот од ова патување стана опсесивна цел на очите на непознатите албански придружници на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Александра го стегна пикавецот од цигарата на жолтитот столб и направи мала црна точка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дојде време, о блажени, да ви преподадам и уште една дребулија: од раѓањето знак имам на грбот, нишан од Господа: мал црн крст.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- За леб, тивко излажав и останав наведнат над малиот црн и очајнички кораб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но немој да мислиш, ти, стар добродушен мрморко, дека во овие бели прегратки ќе ја заборавам малата Џен, малата црна девојка со жолта свилена панделка во косата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тетин ми, кој како сѐ уште да се бореше со изминатата попладневна дремка, жмиркаше со малите црни очиња и се обидуваше да ме слуша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Малите црни влакненца на раката се залепија до кожата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, едно нешто има е заедничко на сите бои човекови очи: во сите има зеница, една мала црна точка, на средината исполнета со силена сјај.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Италијанецот имаше мала црна брадичка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чучулигата, во синото небо одвај се гледаше и личеше на мала црна точка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Три часа подоцна ја отворив тивко кваката на вратата од нивната соба, задржувајќи си го здивот, одржувајќи ја со испружената рака рамнотежата во темнината голема како просторот меѓу планетите, за да го дофатам малиот црн куфер при дното на креветот од моите родители.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А следното утро, 69 на појадок ќе фрлам поглед кон подот и ќе го видам малиот црн куфер покрај неговите нозе додека го мачка путерот на препечениот леб, а Мама не станува од креветот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)