мал (прид.) - чашка (имн.)

Во малиот ноќен ритуал вади чашка за шнапс од една од салонските комоди, потоа и шише коњак, и чита толку колку што ѝ е потребно да испие три мали чашки од коњакот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога излегов одовде, често мислата ми навраќаше на оваа аранжираност која, сметав, можеше да биде само плод на еден илузионизам, која нема никаква врска со стварноста, или пак беше белег на една младост која можеше да си допушти секакви лудории, па и ваква внатрешна аранжираност во диско-клубот, зашто младите само играа и одвреме навреме се честеа со мали чашки баварско пиво и тоа беше сè.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Поекономично ќе е ако продолжиме со мали чашки. Може?“ „Може, оче Симеоне.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од тесното балконче, на кое собираше одвај два стола, Горда подигна шише, а од креденецот во кујната две мали чашки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Азис престана да ги мие чашите, ги забриша рацете од скутникот, си наточи боза во мала чашка како за деца и му се придружи на Ванета приседнувајќи на работ од столот. - Е, тоа е малку подолга приказка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)