мал (прид.) - соба (имн.)

Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова е прв пат во животот да си има сопствена соба... мала соба - ама сопствена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во канцеларијата на директорот Цвета се однесуваше слободно како во својата мала соба во бараката во која беше сместено бифето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во малата соба се заплеткаа гласови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во нашата мала соба над месарницата освен креветот имаше и два стола.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа мала соба, Таткова библиоте­ка, се претвори во еден мал храм на нејзините последни молитви, на читаните и на недочитаните Таткови книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во декември привремено изнајмив мала соба кај Gail, во Middletown.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)