мал (прид.) - сестричка (имн.)

Се случи тоа еден ден кога Мајка ја испрати малата сестричка да купи брашно за последните пари, пред самиот крај од месецот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Писмата: „силно, силно те сака твојата мала сестричка Ј.“, „секогаш само твоја вљубена сестричка Ј.“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Гревота е“, си помисли веднаш по тоа и пред погледот му се јави неговата мала сестричка, но таа беше жива, со отворени очи, и таа му се смешкаше, како да му вели: бате, бате.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)