Куќичето беше многу фино распоредено, во малиот простор сè толку корисно искористено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
” (The H.Y.T., August 29, 1993.) Но, без оглед на сиве овие прашања, скепсата и проблемите што ќе треба да се решаваат, без сомневање е дека технологијата на хипертекстот ќе се шири и можеби од алтернативен ќе прерасне во етаблиран статус, ако поради ништо друго тогаш поради едноставниот факт дека текстпроцесорите веќе ја заменуваат севкупната печатарска технологија, а компјутерските информативни системи стануваат Сезнаење* на малиот простор од дискетата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На крајно очајание на оние кои чукаа по ѕидовите, делкав сè до разденување, не сфаќајќи како сум можела да допуштам грд мебел да го затвора малиот простор.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој стана од масата и неколку минути вознемирено чекореше горе-долу во малиот простор, меѓу врати и прозорецот на кој имаше мрежа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Тоа беше собата на дежурниот офицер - еден ситен човек што нервозно го сечеше малиот простор со брзи чекори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Убивањето на туните, притеснети во малиот простор, го следат громогласните извици на матанѕистите, на чело со нивниот капетан Монги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко замислено чекореше во малиот простор на собата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)