мал (прид.) - огледало (имн.)

Сеедно се огледуваат на мали огледалца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе копам додека да се завири вирче, мало огледало, и додека да се видам себе си во него, победите и славите, и сета добродетел моја. Да, мојата добродетел!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со волја отидов да се потстрижам и сега кога се погледнувам на малото огледало ставено во длабочината на левиот прозорец, изгледам помлад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)