мал (прид.) - несреќа (имн.)

За мала несреќа на битолската автобуска станица ме сретна неговиот пријател фотограф.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А во прашните и маларични делници, тие понекогаш престануваа да бидат луѓе, ја губеа својата душевност и бараа заборав во туѓите мали несреќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вам ви се гади од мојата искреност. (Пауза) Ни треба туѓа голема несреќа за да ја споредиме со нашата мала несреќа и да се почувствуваме во предност.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)