мал (прид.) - езеро (имн.)

Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Лево, долж брегот на малото езеро, брануваат високите трски, десно, долж брегот на големото езеро – густ врбјак.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога тој се шетал по планините, планините се треселе и сегде каде што ќе згазел од стапалата се правеле големи корита и кога врнело тије се полнеле како мали езерца.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Џинот кога одел толку бил висок што морал со сабјата да ги сече за да помине.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одблесокот на искрите од очите врз водата го изненади: му се пристори, небаре сите свеќи во животот беа запалени и светеа од неговите очи, од стаклените леќи што одблеснуваа, одбивајќи се од водената површина како две мали езера, во кои беа измиени сите покајанија на светот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред да се згуснат изворските води и се излеат во Езерото, сочинуваа мали езерца, небаре рајски павилјони, во кои беше сублимирана сета убавина на неповторливата природа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)