мал (прид.) - дуќан (имн.)

Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неговото мало дуќанче станало едно од најсигурните сврталишта на некои од гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се наоѓаше во една тесна улица, со неколку мали дуќанчиња раштркани меѓу куќите за живеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во близината на Банката, наспроти влезната врата на хотелот “Коломбо“, гемиџиите зеле под кирија едно мало дуќанче и го претвориле во берберница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)