Времетраење на дејството: земен во мали дози ПЦП трае само неколку часа, но во поголеми дози дејството може да трае и по неколку дена.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Станковски исто моментално шпарта низ Скопје, здебелен ко лилјак наждран од невестински коси (секој понеделник се пушта од една висока зграда и лета со своите огромни несмасни крилја чиј што шум вие го слушате таму некаде во етерот), и понатаму во сликањето фура циклуси (сега актуелен: Хитлер), и понатаму (со својот антагонистички компањон) се обидува да го објави „најдоброто уметничко дело по сломот на комунизмот, единственото дело што доволно широко ги сублимира сите аспекти на овој апокалиптичен крај на веков“, фамозниот стрип „Лабрис, тунел на стравот и ужасот“ кој, во мали дози, веќе една година излегува во Австрија, додека Сорос (единствениот реален културен спонзор во Македонија) ту дава ту не дава пари, очајно обидувајќи се да балансира меѓу незаситните (подолго време клинички мртви, и можеби поради тоа така скапи) државни “културњаци” (култур-трегераши, поточно) и оваа шепа јад од другата страна, тнр. “алтернативци”, кои според сите природни закони мора да ги има и мора да добијат шанса, но ете, ниту ги има баш, ниту пак македонскиот Сорос е доволно јак да престане да ја купува сопствената стабилност од купиштата прегазени лешинари (в. стр. 2, 3, 4).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А ти учи од него, оти тоа што го глаголи не е отров: та нели отровите, во мали дози, во капки само, како и мојата ука на преподавањето сказанија, се користат како лекарства за болки?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мене брат ми вака никогаш не би ми попуштил и сега би била тепачка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оваа уште како дете била помирлива – си велам со мала доза на презир.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
До она што порано плашливо го примив во мали дози, обезбедувајќи се од нејзината зараза.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога најтешкото помина, ми раскажа дека земала еднаш и тоа во многу мала доза, па немало никакво дејство.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А горе, горе сѐ порив до порив
да се бара, да се бере, да се бира
да се стигне негде, макар без цел
а горе, горе самородна арома со горчлива слуз
заситувачки и насладувачки марципан
бадемов прав и крем
служен во мали дози, налик на отров
а горе - друг свет, поинаков, питомо див
понекогаш видлив, понекогаш не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)